Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиЗапочна „Баскерфест“- фестивал на улична уметност под отворено небо

Започна „Баскерфест“- фестивал на улична уметност под отворено небо

На градскиот плоштад „Македонија“ се поставени три бини каде што учесниците на „Баскерфест“ ќе ве воодушевуваат со своите преформанси, фестивалот започна на 16 јуни а ќе трае цели десет дена. Програмата на фестивалот се состои од атракции под отворено небо, улична уметност, музика во живо, претстави, пантомима, улични танци, креативни активности, ликовни изложби, работилници и друго.

19149296_1682749435085936_8680138073345073525_n

Еве што имаа да ни кажат организаторите на фестивалот.

– „Баскерфест кај нас се одржува веќе 12 години, од 2006 овој фестивал го разубавува градскиот плоштад во Скопје, а пред неколку години ја имавме можност да настапуваме и во другите градови низ Македонија. И ова година, како и секоја предходна имаме уметници од целиот свет кои доаѓаат да настапувват и да ги забавуваат гледачите, веќе и „Баскерите“ почнуваат сами да се пријавуваат за да бидат дел од овој фестивал. Реакциите на  публиката се одлични, за тие 10 денови  има околу  100 илјади посетители. Имаме настапувано во Хрватска, Бугарија и Црна Гора, но сакаме „Баскерфест“ да го прошириме уште повеќе  затоа што е единствен фестивал на Балканот од ваков тип и сакаме сите да го почуствуваат магичниот дух на овој уличен театар“ .

19114012_1682749335085946_3035013871360391421_n

На овогодинешниот „Баскерфест“ ќе можете да ги погледнете настапите на многу артисти кои доаѓаат од целиот свет, меѓу кои Мајсторот и Маргарита, Барбароса, Хозе Енрикес, господин и госпоѓа Бабл, Винил Брнс, Јаника Белиза и многу други.

Еве што имаше илузионистот Кристијан Бенито да ни каже за себе и за фестивалот.

– „Јас сум Кристијан Бенито роден сум  во Скопје со оваа работа се занимавам 8 години, а 7 години сум дел од „Баскерфест“ имам работено со „Баскерфест“ од времето кога се одржуваше во Будва, Сплит и во Шибеник, но морам да бидам искрен и да кажам дека во Скопје сите најубаво си поминуваме затоа што има добар дух, народот е топол, дава добра енергија и чест ми е што и оваа година сум дел од овој фестивал. „Баскери“ се луѓе кои не сакаат да живеат конвенционален живот што наметнува осум часовно работно време и едноставно сакаат да си живеат по свое, единствените газди, шефови и директови во нивните животи се случајните минувачи односно публиката. Нашите претстави нудат голема забава па им препорачувам на сите да го посетат плоштадот на град Скопје, да ја донесат нивната позитивна енергија и да уживаат“ .