Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБашар Ал Асад тврди: Нападот со хемиско оружје е фабрикуван од САД и бунтовниците

Башар Ал Асад тврди: Нападот со хемиско оружје е фабрикуван од САД и бунтовниците

Претседателот на Сирија, Башар Ал-Асад во интервју за АФП, ги одби сите обвинувања кон него дека извршил напад со хемиско оружје над цивили во северниот дел на земјата кој се случи неодамна. Тој вели се работи за фабрикуван случај кој не делувал убедливо.

Но очевидците кои неодамна СИ ЕН ЕН ги интервјуираше по нападот, тврдеа дека тој ден небото над градот Кан Шеикун бил преплавен со авиони на режимот на Асад. И додека сиријските власти и сојузникот Русија ги обвинуваат бунтовниците дека стојат зад нападот, турските власти и британското министерство за одбрана тврдат дека супстанцијата која била присутна во гасот може да ја произведува само владата под контрола на Аасад.

Асад во интервјуто потенцира дека тие се ослободиле од своите арсенали пред три години и не можат да стојат зад ова и дополнува дека ужасно е да се помисли дека тие би убивале од својот народ. Башар Ал-Асад додава дека и САД е виновен бидејќи соработувал со терористите во Кан Шеикун, и дека нападот само служел за причина Америка да ја бомбардира Сирија.

– Ја фабрикуваа целата ситуација за да имаат причина, вели Асад.