Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБаерн во шок! Рибери ја завршува кариерата?!

Баерн во шок! Рибери ја завршува кариерата?!

Одличниот играч на Баерн Минхен, Франк Рибери веќе неколку месеци е оддалечен од фудбалските терени поради хронична повреда на зглобот, а германските медиуми шпекулираат дека ќе мора предвреме да стави крај на својата богата кариера.

рибери

Медиумите тврдат дека управата на Баерн и Пеп Гвардиола се во паника поради алармантната состојба на французинот, за кого е јасно дека ќе го пропушти стартот на Бундеслигата, но не е јасно кога и дали воопшто ќе се врати на терените.

„Конзервативната терапија не вроди со плод па моравме да направиме имобилизација на зглобот“, официјално се огласија од Баерн.

Агентот на играчот пак вели дека е прерано да се говори за ставање крај на кариерата и инсистира дека Франк Рибери ќе стори се што може за да се врати на терените. „Прави се што може за да се врати на терените, сака да ја заврши кариерата на високо ниво, а не вака” потврди агентот на Роберу, Берн.