Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБаерн го засили нападот

Баерн го засили нападот

Екипата на Баерн Минхен го доведува одличниот напаѓач на Шахтјор Донецк Даглас Коста. Цената што мораше да ја платат баварците за да го доведат одличниот бразилец изнесува огромни 35 милиони евра. Се очекува договорот да биде потпишан веднаш по враќањето на голгетерот од Копа Америка каде тој моментално настапува за бразилската репрезентација. Овој трансфер е вреден колку и оној на Марио Гомез во Баерн во 2009 година кога на Штутгарт му беше платено 35 милиони евра.

  костаКоста за Шахтјор Доњецк од 2010 година одигра вкупно 140 натпревари и успеа да постигне 29 голови. Имајќи во предвид дека Шахтјор го доведоа бразилецот од Гремио за само 6 милиони евра, од оваа продажба украинскиот гигант ќе забележи огромен профит.