Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАвтономни комбајни ќе ги ораат руските ниви

Автономни комбајни ќе ги ораат руските ниви

Како во научно-фантастичниот филм „Интерстелар“ руските земјоделци ќе активираат комбајни за обработка на полињата кои автономно ќе се управуваат без потреба од возачи.

„Во основата на оваа роботизирана техника лежат нашите разработки за камионите КАМАЗ, каде камерата и компјутерите создаваат таканаречен „виртуелен тунел“, благодарение на кој техниката сама разбира каде треба да се насочи“, вели Ољга Ускова претседател на групацијата „Cognitive Technologies“.

Проектот го води „Агрополис“ најголемиот руски производител на земјоделска механизација со замисла земјоделците да може покријат поголема површина од нивните насади, а со тоа и да се подобри продуктивноста.

Извор: Руска реч