Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАвтомобил се заби во куќа, девојка тешко повредена

Автомобил се заби во куќа, девојка тешко повредена

Битолчанка тешко повредена во сообраќајкa заврши во болница. Ноќеска околу 01,00 часот во Битола на ул. „Никола Тесла“ се случи сообраќајна несреќа во која автомобил марка „Рено Клио“,со битолски регистерски таблички, управуван од 24-годишниот И.Б., удрил во врата од куќа и столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 25-годишната сопатничка Т.Т. од Битола и истата итно била пренесена во болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од битолската полиција и се работи на целосно расчистување на случајот.