Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАвстриски Die Presse откри тренинг камп за џихадисти во близина на Љубљана

Австриски Die Presse откри тренинг камп за џихадисти во близина на Љубљана

Во Словенија постои центар за обука на борци на ИД, а словенечката полиција не знае за тоа – објави австриски “Die Presse”. Весникот посочува дека во Словенија, од кога се отворени границите, влегле повеќе припадници на Исламска држава, кои во шумите во околина на Љубљана вежбаат истрели од огнено оружје. Тие се салафисти од Германија, од Луксембург, од Словенија и од Австрија.

Салафистите од предградијата на Љубљана веќе испратиле борци во Ирак и во Сирија. „Програмата на ИД за тренирање на борци е многу професионална, а радикалните исламисти имаат прирачник за герилско војување од 70 страници. Од прирачникот регрутите учат како да убијат ладнокрвнo и без емоции“ – пишува “Die Presse” Австрискиот дневник се повикува на извештаи од Европол.

“Die Presse” пишува и за наводните врски на радикалните исламисти во Словенија со исламистите во селото Горна Маоча во Босна и Херцеговина кои се контролирани од припадници на вехабистичките струи на исламот кои директно се спонзорирани од Саудиска Арабија.