Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАрмијата и полицијата во Грција со таен план за задушување на „граѓанскиот бунт“

Армијата и полицијата во Грција со таен план за задушување на „граѓанскиот бунт“

Грчките безбедносни служби имале изработено таен план за извлекување на војската на улиците, која заедно со полициските сили, требало да учествува во задушувањта на „граѓанскиот бунт“ во Грција, пренесе МИА. Според британските медиуми, планот имал кодирано име „Немесис“ и требало да се активира по неодамнешниот референдум во земјата, околу нејзината судбина во еврозоната и во ЕУ.

Планот предвидувал војската да патролира низ улиците во поголемите грчки градови, доколку дојде до раширени и продолжени нереди на нездоволното население. „Немесис“ бил создаден откако сите претходни испитувања пред референдумското изјаснување, покажуваа дека двата спротивставени табори-на оние кои ги подржуваа европските барања за темелни реформи во грчката економија и на оние кои заговараа отфрлање на „диктатот од ЕУ“ имаат речиси изедначени позиции кај домашните гласачи.

Противниците на барањата на ЕУ, кои претходно веќе беа одбиени од владата, победија на референдумот, освојувајќи 61 отсто од гласовите. Британските медиуми тоа го објаснуваат со големиот број неопределени гласачи, пред референдумското изјаснување, како и со тоа што голем дел од гласачите биле збунети, околу тоа како да се определат за прашањето на гласачкото ливче, кое содржеше дури 74 зборови.

Грчката армија еден подолг период не се меша во домашната политика, па изнесувањето на армискуте сили на улиците низ градовите во Грција, се проценува како „исклучително чувствителна“ одлука за земја која има историја исполнета со воени удари.

Неколку министри од владата на премиерот Алексис Ципрас, некои од нив поранешни грчки комиунисти, реагирале гневно на седницата на владата, откако премиерот ги презентирал , барањата од земјите на еврозоната, за да и се помогне на презадолжената и неликвидна Грција.

Безбедносните служби стравувале дека евентуалната победа на таборот „да“ за барањата во ЕУ, може да предизвика левичарски бунт на улиците, особено по повиците од Брисел дека доколку се отфрли понуденото, земјата ризикува да излезе од зоната на еврото. Ситуацијата била уште повеќе наелектризирана, откако сменетиот министер за финансии, Јанис Варуфаки ја обвини ЕУ за „тероризам кон Грција“.