Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАризанов: Од античко кралство до Македонија како џиновска невладина

Аризанов: Од античко кралство до Македонија како џиновска невладина

МАКЕДОНИЈА КАКО ЕДНА ЏИНОВСКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Претходната влада во оваа земја гледаше некое си античко кралство.

Моменталната влада во оваа земја гледа една џиновска Невладина организација.

Фатмир Битиќи вели – Ќе лансираме национална платформа која ќе ги собере најдобрите умови во земјата. Своевиден тинк танк – пишува Баже Аризанов, македонски автор и претприемач на Facebook.

Инклузивност.

Тинк танк.

Нема улица. Нема сокак. Нема конференција, нема тркалезна маса, нема симпозиум или како и да се нарекува собиранката на повеќе од два луѓе околу PowerPoint презентација, каде не се расфрла со тој термин.

Се е инклузивно. ВМРОвското “стратегија” стана СДСМовското “инклузивност”. Баба стана инклузивна. Само да речам ИНКЛУ…. и одма долу добивам ерекција. И малиот се одзива на зборов.

Дури и стартапите станаа невладини – или невладините станаа стартапи, некако не ми е јасно.

Нема да не налетам или да не се сопнам од стартап што не решава инклузивност или не е од областа на одржливиот развој или што не решава социјален проблем.

На сметка на тоа ги снема стартапите чијашто цел е раст и профит.

Зошто Македонските стартапи користат вакви НГО флоскули?

Оти се навикнати да пополнуваат апликации за грантови – наместо да ги бараат своите први 100 корисници.

Нус ефект кога главен извор на финансии за претприемачкиот сектор ти се невладини организации – претприемачот стана пополнувач на грантови.

Ми иде и ми вели – барам инвеститор. Кај ти е продуктот? Немам. Кај ти се потрошувачите? Немам. Што направи за да си подобриш Open rate на твоите емаил кампањи? Ништо. Ама има Визија и Мисија. Ќе решавал социјален проблем он.

А за предлогот на Фатмир Битиќи би рекол – Знаеш што е поарно од национална платформа или тинк танк или што и да е што ќе ги собере најдобрите умови со цел долгорочен развој на земјава?

Наместо да ги НГО-изираш ваквите најдобри умови во некаков си национален тинк танк, да се повлече политичарот од пазарот и да ги остави тие најдобри умови самите и слободно да создаваат вредност.