Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАрифи: Не може едно малцинство кое треба да ја напушти власта, да остане на власт

Арифи: Не може едно малцинство кое треба да ја напушти власта, да остане на власт

Никој да нема илузии дека блокадите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат, најави потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи.

„Секое мнозинство кое е формирано како резултат на изборите, треба да ги формира институциите. Не смее да се дозволи преседан, и тоа не во една земја која е кандидат за членство во Европската унија. Не може едно малцинство кое треба да ја напушти власта, да остане на власт затоа што, не знам, три-четири години ќе поминат во процедурална парламентарна дискусија.

И ние треба да дозволиме работите да течат како ништо да не се случило. Кој било во оваа земја да имал таква илузија, кој било да потпомагал таква илузија или идеја, мислам дека сега му е јасно дека не може да биде така.

А по изјавата која ја даде помошникот на државниот секретар на САД, мислам дека е добро тие илузии да се заборават еднаш и засекогаш“, изјави Арифи во емисијата 200 на ТВ Алсат-М.