Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнтикорупциска отвори предмет за деградирањето на Бакрачески

Антикорупциска отвори предмет за деградирањето на Бакрачески

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница отвори предмет за случајот во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ – Охрид каде што директорката Гордана Доневска направила прераспоредување на кардиологот Никола Бакрачески и го унапредила својот сопруг како раководител на болнички сектор, велат антикорупционерите за Плусинфо.

-Државната комисија за спречување на корупцијата ги следи сите информации што се објавуваат во јавноста од нејзиниот предмет на работа, вклучувајќи ги и информациите во врска со постапувањето на директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ – Охрид. Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница отвори предмет за конкретниот случај и согласно законските надлежности ќе преземе соодветни дејствија – одговорија од Државната комисија за спречување на корупцијата на прашање на Плусинфо.

Министерството за здравство, претходно најави дека ќе го преиспитува работењето на директорката Гордана Доневска и дека за случајов ќе ја консултира и антикорупциската комисија.

– До овој момент до Државната комисија за спречување на корупцијата нема пристигнато барање за мислење од страна на Министерството за здравство – велат антикорупционерите.

Министерството за здравство соопшти дека детално ќе ја испита целата ситуација и ќе ја проверат целокупната документација и доколку постои каква било неправилност и непочитување на прописите од оваа област, ова прашање ќе биде регулирано во согласност со законските прописи.