Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАрхив го правда уништувањето на документи во Антикорупциска

Архив го правда уништувањето на документи во Антикорупциска

Откако во јавноста се појави информацијата дека Антикорупциската комисија спротивно на законот уништувала документи, Државниот архив на РМ излезе со реакција. Оттаму велат дека Решението за уништување на документи било донесено согласно членот 4 од Законот за архивски материјал.

„Во конкретниот случај испочитувани се сите одредби од Законот за архивски материјал“ – се наведува во реакцијата.

Инаку Државната комисијата за спречување на корупцијата на 24.април годинава донела решение за да уништи архивски материјал од 2002 до 2014 година. Со докуметни се наполнија два автомобили, а по пристигнувањето на новинарски екипи престанаа да се товарат документи во автомобилите по што дојде возило на компанијата ДС Смит која се занимава со производство на хартија и амбалажа и истата ја презеде, за како што рекоа оттаму, на уништување.