Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАневски: Не знам како ќе се вклопи СЈО во правосудството во иднина

Аневски: Не знам како ќе се вклопи СЈО во правосудството во иднина

Петар Аневски, претседателот на Советот на јавни обвинители ја повика Катица Јанева со СЈО да соработува во интерес на владеење на правото, но е загрижен како ќе функционираат во иднина овие две институции во правосудниот систем што според него не е предвидено во Уставот на Република Македонија.

– Ако го прочитате добро член 7 особено ставот 3, и ставот 1, кажува дека тоа обвинителство одговара пред Собранието, а за својата професионалност, стручност и за законските дејствија што ги презема ќе одговара пред Советот на јавни обвинители. Ние ја почитуваме автономијата, меѓутоа таа мора да го почитува член 7 став 3, рече Аневски. Кажа дека иако била повикувана Јанева дошла на само една седница кога информирала дека нема да одговара на прашања и да присуствува на работата на Советот.

Аневски денеска при претставувањето на Извештајот на Советот пред собраниската Комисија за политички систем посочи дека во Македонија недостигаат 62 обвинители и оти поради тоа има неажурност на обвинителствата. За да се надмине оваа ситуација и да се постигне застапеност на сите етнички заедници, во септември ќе има нов оглас за прием на шеесетина кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители.