Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАмсм: Граничниот премин со Грција затворен до 23ти Мај

Амсм: Граничниот премин со Грција затворен до 23ти Мај

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.

ИНФОРМАЦИЈА : Според информации од терен поради штрајк на грчките цариници, граничните премини со Македонија ќе бидат затворени до 23-ти месецов.

Граничниот премин Евзони е затворен од 6 часот на 20-ти мај и ќе биде затворен до 6 часот на 23-ти месецов (понеделник). Пропуштања на возила ќе има по 15 минути после секои два часа прекин.

Граничниот премин Ники кај Меџитлија е затворен од 7:30 на 20-ти мај до 8 часот наутро на 23-ти. Овој граничен премин може да се помине само пеш, сообраќајот за сите видови на возила ќе биде во прекин.

И граничниот премин кај Стар Дојран ќе биде затворен до 6 часот наутро на 23-ти. Возила ќе се пропуштаат во исклучителни ситуации, а границата ќе може да се мине само пеш.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци поради деформации на мостот сообраќајот ќе се пренасочува (за возила со вкупна маса над 5тона) преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д.Капија – Корешница – Војшанци).