Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмбасада на САД: Новите градоначалници да бидат отворени, достапни и одговорни

Амбасада на САД: Новите градоначалници да бидат отворени, достапни и одговорни

„Силна локална власт обезбедува основи за динамична демократија. Ги охрабруваме новоизбраните градоначалници и советници да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини“, се вели во оценката на Амбасадата на САД за локалните избори.

Од амбасадата велат дека ќе ја продолжат соработката со општините, организациите и граѓаните за да се унапредат клучните реформи на локално ниво.

„Ги поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите беа одржани во атмосфера на натпревар и дека почитувањето на основните слободи придонесе за подобрување на демократскиот процес. Овие заклучоци се во согласност со тоа што тимовите од Амбасадата на САД го забележаа за време на првиот и вториот круг од изборите. Таму каде што постои загриженост за неправилности и за злоупотреби, повторно препорачуваме на граѓаните да ја искористат соодветната процедура и да ги пријават, а на релевантните власти -бргу да ги адресираат“, се вели во соопштението.

Од Амбасадата ѝ препорачуваат на Државната изборна комисија и на другите владини тела да го искористат периодот по овој изборен процес за да се фокусираат на препораките на ОДИХР што беа дадени по изборите во 2016 година и во 2017 година за да се зајакнат идните изборни процеси.