Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАлибаба затвора во Америка – оди во Русија

Алибаба затвора во Америка – оди во Русија

Кинеската интернет продавница “alibaba.com“ планира да се прошири и на пазарот во Русија, бидејќи таму гледа можност за развој на интернет продажниот пазар – изјави Џек Ма, основач и председател на оваа компанија.

-Иако имаме само еден вработен во Русија, alibaba.com успеа да стане најпосетена страница за интернет купување во таа земја – изјави Џек Ма.
Alibaba (1)
Aliexpress е покренат во 2010 година и на купувачите на мало ширум светот им овозможува купување на мали количини стока во велепродажни цени. Компанијата планира да влоши повеќе во човечки ресурси и технологија за да го проши своето делување во Русија, но и за да им помогне на руските компании во продажбата на своите произвои во Кина и останатите делови од светот.

Инаку, кинескиот гигант во вторникот најави продажба на американскиот огранок 11 Main една година по отворањето, наводно поради неисполнети очекувања во поглед на зацврстување на позициите на американскиот пазар.

извор:БркајРабота