Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАлбанското знаме и во изминатите години стоеше во кабинети на функционерите

Албанското знаме и во изминатите години стоеше во кабинети на функционерите

Албански знамиња во кабинетите имало во сите изминати години. На сите фотографии од министрите Албанци посебно во изминатите десет години, во нивна позадина или пред нив стои покрај македонското и албанското знаме, пишува „А1он“.

Вчера имаше жестоки напади поради тоа што Талат Џафери на првиот работен ден во кабинетот на претседателот на Собранието постави покрај македонското и знаме на Албанија и на Европската унија. И тоа беше вест, поголема од таа дека Џафери конечно успеа да го почне првиот рабтен ден.

Според досегашните снимки и фотографии, Талат Џафери не направи ништо ново што дотогаш и не беше пракса. До сега никој не се бунтуваше и не го критикуваше поставувањето на албанското знаме во кабинетите на сите досегашни министри и сите функционери. Тоа дури не се ни забележуваше.

Но вчера, по сите настани можеби и најточно е дека не беше моментот за поставување на било какво знаме на масата во кабинетот на претседателот на Собранието. Тоа се вика политички сенс, и слушање на гласот на граѓаните дека е доста од поени со националистичка политика и конечно стартување на едно ново, граѓанско општество ослободено од националозми, грбови, знамиња и територии.