Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАко снимате со телефон пријавате се на Мобил фест

Ако снимате со телефон пријавате се на Мобил фест

Објавен е новиот конкурс за пријавување на Мобил фест 2015 каде може да учествуваат сите кои ќе снимат краток 10 минутен филм само со мобилен телефон. Со оглед на квалитетните камери на телефоните и можностите за монтажа оваа кратка форма им овозможува на многумина лесен начин за изразување на креативноста. Филмовите може да се поднесат до 20 ноември, а фестивалот ќе трае од 25 до 29 ноември во Скопје.

Ќе се доделат повеќе награди за најдобар филм и музика, а има и Јуниор категорија. Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во главната програма на интернационалните фестивали од овој вид, а најатрактивен е Mobil Film Festival каде на тема климатски промени победникот може да освои 30 илјади евра за снимање на филм со буџет и продуцент, а е подржан и од Обединетите нации.