Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаMакедонија ќе ја запре кризата со помош на меѓународниот фактор, смета Рамадани

Mакедонија ќе ја запре кризата со помош на меѓународниот фактор, смета Рамадани

Познавачите на меѓународните прашања се поделени во однос на конечното решавање на долгата политичка криза и деблокирањето на евроатланските процеси, информира АлсатМ.

За Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет формирањето на владата би ù ставило крај на политичката криза, а со поддршка на меѓународниот фактор би се забрзала и интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО.

„Македонија ќе ја запре кризата со помош на меѓународниот фактор, со помош на прогресивните сили. Никако не треба да не го земаме предвид албанскиот фактор, кој овој пат во сите овие настани кои се случуваат се однесува добро, односно се придржува до барањата на меѓународните претставници, но и на граѓаните и заедно со прогресивните сили и Зоран Заев како мандатар, односно како премиер, со силна поддршка на меѓународните претставници, Македонија ќе ги забрза чекорите кон евроатланските интеграции.“ – изјави Исмет Рамадани, Евроатлански совет на РМ

Но, целосно спротивен став изразува поранешниот дипломат Ристо Никовски. Според него, кризата не само што не е решена, туку се очекува уште да се продлабочува и оценува дека вратите на ЕУ и НАТО за Македонија остануваат затворени.

Западниот фактор неколку пати досега го повтори повикот за брзо формирање на владата и спроведување на итни приоритетни реформи за Македонија да може да го продолжи својот евроатлански пат.