Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети не се откажува од Бујар Османи во новата влада

Ахмети не се откажува од Бујар Османи во новата влада

Првиот човек на интегративците Али Ахмети, не се откажува од Бујар Османи во новата влада, по бројните шпекулации дека ограноците на ДУИ од Чаир и Струга се побуниле за првичниот избор на кадри. Овие наводи Ахмети ги потврдил за ТВ21 и за Клан.

Ахмети вели дека дебатите за формирање на власта се дел од, како што го нарече, функционирањето на внатрешната партиска демократија. Затоа, во новата влада, интегративците на крајот ќе ги претставуваат Фатмир Бесими, Бујар Османи, Артан Груби, Насер Нуредини, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири.

„Овој тим ужива поддршка од целата наша парламентарна група“, изјавил Ахмети.

Во меѓувреме, тимови на експерти од коалицијата „Можеме“ на СДСМ и од редовите на ДУИ практично ја усогласиле владината програма која се очекува да биде одобрена од Собранието следната недела.