Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети и функционери на ДУИ уценувани од подземјето за „бомбите“

Ахмети и функционери на ДУИ уценувани од подземјето за „бомбите“

Претседателот Али Ахмети и други функционери биле уценувани од криминални структури од подземјето со содржини од прислушкуваните разговори, но не од политичките бомби, туку со наводни приватни компромитирачки разговори, а од нив се барале и огромни суми на пари за да не бидат објавени во висина до половина милион евра, пренесува Дневник.

Самиот Ахмети бил уценуван на повеќе наврати, особено пред партијата да била во ситуација каде треба да донесе важна или пресудна одлука. Тој вели дека за него има 17 илјади разговори, а дел од нив се обработени и целосно со транксрипти, спремни за објавување на интернет и социјалните мрежи, но Ахмети не се плаши од нивните содржини.

dui stab

ДУИ исто така извршиле стручна анализа на снимката која се прошири на социјалните мрежи во која наводно се компромитираат Муса Џафери и Ермира Мехмети, но утврдено е дека станува збор за монтажа, за што и претходно имаше сомнежи. Затоа побарано е и СЈО да поведе процедура кој ги поседува и распространува овие снимки бидејќи прислушкуваните разговори и сите потенцијални кривични дела кои се поврзани со нив се во нивна надлежност.

Кој стои зад ваквиот напад со уцени на ДУИ не се посочува конкретно, па најверојатно тоа ќе биде кажано во предистражна постапка.