Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети и Џафери не се појавија на судењето против Богоевски

Ахмети и Џафери не се појавија на судењето против Богоевски

Повторно одложено судењето по тужбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и Муса Џафери против екс-разузнавачот Слободан Богоевски, во која тие го тужат Богоевски за навреда и клевета за неговото сведоштво пред Окружниот суд во Њујорк, јави „Макфакс“

Ахмети и Џафери повторно не се појавија пред судот. Судијата Нухи Рустеми ја сослуша адвокатката Биљана Панова, како полномошник на Американската комисија за хартии од вредност, пред која Слободан Богоевски ја дал изјавата. Судот донесе решение на следното рочиште да биде сослушан нотарот Сашо Клисаровски. Расправата е одложена за 4 јули. Како отштета во овој процес Ахмети побарува 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари.