Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: е дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема

Ахмети: е дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот фејсбук-профил го поздрави доделувањето мандатот за формирање на новата реформска влада во согласност со Уставот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Како што кажав уште на самиот почеток, ние ќе дејствуваме во согласност со волјата на граѓаните и враќање назад нема. Нашата клучна, определена и одлучувачка улога во новото мнозинство ќе ја ставиме во служба на реформите во согласност со очекувањата на меѓународната заедница, добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор, како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија заедно со отворањето на нови работни места“, напиша Ахмети.

POST TAGS: