Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАфрим Гаши: БЕСА не ги повлекува потписите, чекаме реформска влада од Заев

Африм Гаши: БЕСА не ги повлекува потписите, чекаме реформска влада од Заев

Африм Гаши од БЕСА на Топ Тема посочи дека е ирационално да се помисли дека би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ. –

– Ние сакаме нова, реформска влада, СЈО да проработи, сакаме Специјален суд. БЕСА гледа процес кој е добар за граѓаните и помага на тој процес. Сметаме дека Груевски не е добро да биде повторно премиер. Ние не го спречуваме процесот за избор на претседател на Собрание, тој може да се избере и без нас. Не сакаме да го спречиме тоа, но треба да укажеме дека на ваков начин и со условувања таквата влада нема да биде реформска, рече Гаши.

Гаши негираше дека БЕСА ги повлекла потписите за формирање влада.

– Одлука дали ќе влеземе во влада не сме донеле, разговаравме само за избор на претседател на Собранието. Ние не ги повлекуваме потписите, ќе го помагаме процесот колку што можеме, откри Гаши.