Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАеродромите во Истанбул засолниште за илјадници заробени патници

Аеродромите во Истанбул засолниште за илјадници заробени патници

Снежната покривка што го зафати Истанбул ги блокира турските аеродроми, откажа околу 300 летови и зароби околу две илјади патници. Од аеродромите „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“ дел биле префрлени во хотели на компанијата „Туркиш ерлајнс“, а дел морале да останат.

Обилните врнежи од снег го окупираа градот ден пред Нова година, а утрово летовите од аеродромот „Ататурк“ морале да бидат пренасочени да слетаат на аеродроми во Анкара, Анталија и Чорлу.