МВР ќе префрли средства за една плата за вработените во „Еурокомпозит“
Владата му наложи на Министерството за внатрешни работи од својата сметка да ѝ исплати на државната фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ АД Прилеп средства за исплата на една плата на вработените, како и за обезбедување репроматеријали за работата на компанијата.
„Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000 денари на сметка на друштвото, за исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на фабриката“, стои во соопштението.
Префрлањето на средствата е во рамки на договорот со компанијата и согласно заклучоците од 32. владина седница за наоѓање решение за состојбите на државната компанија.
Компанијата поради долговите во кои е западната нема исплатено 16 плати на вработените.