Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ со 43 приговори до ДИК

ВМРО-ДПМНЕ со 43 приговори до ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) ги корегираше првично објавените податоци за 48 приговори за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври. Во предвидениот рок што истече ноќеска во 2 часот се поднесени вкупно 46 приговори.

Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ 43, и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.