Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК замиже пред воените злосторства на Тарчуловски?

ДИК замиже пред воените злосторства на Тарчуловски?

Еден од скандалите кој поминува нeзaбелeжано во предизборие на локалните избори, како од ДИК така и од партиите кои би требало да го активираат случајот, е кандидатурата на осуден воен злосторник за воени злосторства против цивили, како кандидат за градоначалник на локалните избори во Кисела вода на листата на ВМРО ДПМНЕ, пишува порталот Либертас.

Законски услов за кандидирање е кандидатот да не поминува низ казнената евиденција на нашето законодавство. Но, како ДИК прифатил да го толкува тоа кога поминал низ меѓународното кривично законодавство како сторител на воени злосторства никому не е јасно.

Нејасно е како ДИК прифатил на вака рестриктивен начин да го толкува законот и да исклучи осуда за меѓународно кривично дел од условите за кандидидирање и тесно да го толкува законското барање кандидатот да не поминува низ казнената евиденција на државата.

Ова тесно толкување е правно недопустиво од две прилини.
Прво, меѓународните договори, и во таа смисла статутот на Меѓунарониот суд во ХАГ и неговите пресуди се ратифицирани и трансферирани во внатрешното право на РМ. Тие се дел од внатрешниот правен поредок на РМ, а според тоа и валидноста на пресудата за Јохан Тарчуловси е дел од внатрешниот правен поредок.
ДИК морал да толкува дека тој минува низ казнента евиденција на меѓународен суд, а со тоа и на внатрешната казнена евиденција, бидеји пресудата станува дел и од внатрешниот правен поредок.

Државната изборна комисија морала ова да го земе предвид и да ја поправи својата недопустива грешка при прифаќање на овој човек како кандидат на листа на било која партија.

Второ, за каква тешка кривична санкција се работи, неспоива со кандидирање на избори покажува и меѓународниот стандард за исклучување од доделување на помилување на сторители на вакви кривични дела. Сторители на меѓународни кривични дела не може да се помилуваат, а тоа стои и во нашите закони.

Ако е тоа толку тешко крвично дело кое не може да се помилува, како може на сторител на такво дело да му се допушти изборно кандидирање.

Можеби е доцна на друг начин, но партиите мора да го активираат ова прашање пред ДИК и ДИК да реагира дополнително.

Крупна грешка направена на парламентарните избори не смее да се повтори.