Направете го најслаткото тирамису
Ако сакате да одморите од летните овошни вкусови, во прилог ви нудиме рецепт за едноставно и вкусно тирамису.
Состојки:
*500 г.маскарпоне сирење
*2 јајца
*400 г. пишкоти
*3 шолји кафе
*6 лажици кафеав шеќер
*1 ванилин шеќер
*3 лажици какао
*2 лажички рум или коњак
Подготовка:
Сварете го кафето без шеќер и оставете го да се олади. Скршете две јајца и одвојте ги жолчките од белките. Белките сматете ги со три лажици шеќер додека не добиете пенеста структура, а жолчките со преостанатиот шеќер.
Во садот со матените жолчки додадете го сирењето и румот и мешајте. Кога ќе добиете изедначена смеса, додавајте ги матените белки лажица по лажица.
На ред се пишкотите кои треба да се натопат во разладеното кафе и да се стават на стаклен послужавник. Преку нив прелијте дел од кремот и наредете ги состојките додека не го потрошите материјалот (отприлика 3-4 реда).
Завршете со крем и проросете какао и не заборавајте добро да го оладите колачот пред да го послужите. Добар апетит.