Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСавески повторно во суд

Савески повторно во суд

Во Кривичниот суд денеска попладне ќе продолжува судскиот процес против членот на Президиумот на Левица, Здравко Савески поради неговото учество во минатогодишните протести на „Шарената револуција“.

Судскиот процес против Здравко Савески се уште е на почеток, иако е почнат пред повеќе од една година. Против него сѐ уште се применуваат и мерки за безбедност, односно тој мора да се јавува во суд и полиција секој втор понеделник.

Покрај Савески, судски процес се води и против Мариглен Демири, исто така член на Президиумот на Левица.