Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАневски во ОЈО но не откри дали се сретнал со Зврлевски и за што се зборувало

Аневски во ОЈО но не откри дали се сретнал со Зврлевски и за што се зборувало

Претседателот на Советот на Јавни обвинители, Петар Аневски беше на кафе во Основното јавно обвинителство каде што денеска на распит треба да се појават пратеници од СДСМ, како оштетени во настаните од „крвавиот четврток“, јавува „А1он“.

Аневски кажа дека може да си оди во ОЈО и да си ги види колегите но не кажа дали разговарале за избор на обвинители. Според него не треба да се распише нов оглас за промена на обвинителите во скопското и другите обвинителства и како пример наведе дека и Катица Јанева во 2010-та година била избрана на конкурс кој бил стар осум месеци.

На новинарски прашања, дали се сретнал со Марко Зврлевски или други обвинители, Аневски си замина.