Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДве години од престрелките во Диво насеље – многу прашања без одговор

Две години од престрелките во Диво насеље – многу прашања без одговор

Две години од вооружениот конфликт во кумановско Диво насеље, а над случајот висат многу нерасчистени дилеми: Што се крие зад вооружениот конфликт? Дали беше предадена кумановската група? Кои се можните државни челници вклучени во овој случај? Надвор од тоа, најзасегнатите од овој случај, семејствата во Диво насеље се уште не можат да се вратат на нормалниот живот.

Над 50 судски рочишта не беа доволни случајот „Куманово“ да добие судска разврска. Одбраната е уверена дека овој случај е подготвен од домашните тајни служби. Адвокатот Насер Рауфи смета дека мотивот бил Охридскиот договор, додавајќи дека одбраната има на список 50 сведоци кои ќе ги покани на сведочење.

На 1 мај 2015, група од Косово навлегува во Македонија.

На 2 мај истата година кога во Слупчане се прославуваше годишнината на Слободната зона, а групата била сместена неколку метри од меморијалот на паднатите борци. Потоа биле сместени низ Липковските села, а самите обвинети на судска седница објасниле дека во Куманово освен со возила, се превезени и со амбулантни возила. Одредени припадници на групата се обиделе да регрутираат лица и во село Черкез во Куманово вечерта на 8 мај.

За време на борбите на 9 и 10 мај 2015 година, животот го загубија осум полицајци на МВР, а беа убиени 10 припадници на вооружената група. По повлекувањето на полицијата, се јавија сомнежи дека двајца учесници во престрелката, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај се егзекутирани по приведувањето.

Обвинителството досега предложи над 60 сведоци, а се испрашуваат и обвинетите за тероризам. Цело време, дури и по приведувањето на групата, припадниците на полицијата не престануваат со насилство врз обвинетите. Јавното обвинителство во таа насока не презеде ниту еден чекор, а дел од тортурата и малтретирањето се и роднините на обвинетите. За тоа кога и каков исход ќе добие „Куманово“, не знае ни одбраната, а ветувања за целосно расветлување на случајот даде и СДСМ во својата владина програма.

Извор: Алсат- М