Брза помош скрши наплатна рампа на патарината во Желино
Возило на брза помош денеска скрши наплатна рампа на патарината во Желино, на патот Скопје – Тетово.
Засега нема информации за причината за несреќата, односно дали возилото возело со преголема брзина поради превезување на пациент или едноставно возел со несоодветна брзина.
Полицијата врши увид на инцидентот.