Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСовозачот никогаш не одел на терен, откриваат вработени од Итна помош

Совозачот никогаш не одел на терен, откриваат вработени од Итна помош

На вчерашните блокади на мостот Гоце Долчев за малку беше избегнат инцидент меѓу демонстрантите и возилото на Брзата помош кое ја имаше активирано сирената и се обиде да се пробие меѓу нив иако му беше отворен пат и поставените автомобили се тргнаа. Вработени од Итната помош за Нова откриваат дека совозач бил Антонио Китановски, член на ВМРО ДПМНЕ кој работи како медицински техничар и шеф на медицинските сестри и техничари.

„Китановски е главен медицински техничар на цела Итна медицинска помош, односно шеф на сите медицински сестри и техничари и со години не оди на терен. Ова што се случи вчера, е надвор од секоја памет и не веруваме дека сами си дозволиле да го направат тоа“, тврдат за НОВА вработени од оваа установа.

Покрај Китановски во возилото како возач бил ангажиран Кирил Теновски за кој исто така се тврди дека е член на ВМРО-ДПМНЕ. Според сведоштвата на демонстрантите возилото немало медицински персонал и дека станува збор за провокација. Од Итната помош тврдат дека имале многу повици поради високите температури и дека персоналот реагирал според правилата.

Извор: novatv.mk