Уште 4000 потписи за успех на иницијативата на родители на деца со посебни потреби
Повеќе невладини организации и здруженија како и загрижени родители ќе продолжат со акијата за собирање на потписи во Скопје и поголемите градови низ Македонија, со цел да соберат што е можно побрзо повеќе потписи. За да влезе оваа иницијатива во собраниска процедура, потребни се 10 илјади потписи.
Во Скопје денеска потписи ќе се собираа во центарот на градот од 12 до 17 часот, а пунктови за поддршка на оваа иницијатива ќе бидат отворени и во Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гевгелија и во другите градови низ Македонија.