Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХК го осуди спречувањето на протестот на родителите на деца со попреченост

ХК го осуди спречувањето на протестот на родителите на деца со попреченост

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на обидот за спречување на собирот на родителите на децата со посебни потреби во паркот Жена-борец.

„Ваквото постапување потенцираме дека е обид за Спречување или смеќавање на јавен собир, кое дело е предвидено за казниво со член 155 од Кривичниот законик на Република Македонија. Апелираме до Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки за заштита на лицата кои и во следните два дена ќе присуствуваат на овој собир, кој потенцираме дека е за децата и возрасните со посебни потреби. Апсурдни се сите обиди да се попречат овие лица во нивното јавно изразување на незадоволството и проблемите со кои секојдневно се соочуваат, а неопходна е нивна заштита и дури и најмала поддршка“, се вели во реакцијата на ХК.

Уште на самиот почеток на собирот се случи инцидент, имено непознато лице, без претходно да се легитимира, се обидело да ги сруши шаторите на присутните.

„Дојде момче, за кое отпосле констатиравме дека бил вработен во Град Скопје, но не се легитимираше и почна да ги руши шаторите. Прво не сакаше да се легитимира, а потоа кажа дека требало да се поправаат плочките. Имаше дете во шаторот, а тој зема да трга. Ако во оваа земја, ние родителите и децата со посебни потреби не сме пожелни, нека кажат да бараме азил“, изјави претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков.