СЈО „чешла“ функционери во Крива Паланка
Истражители на Специјалното јавно обвинителство пред неколку дена ја продолжиле истрагата за сомнителното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, па на информативен разговор веќе биле повикани десетина високо рангирани партиски функционери од Крива Паланка, дознава Плусинфо.
На разговор се повикани и директори на локални јавни претпријатија, како и партиски членови кои учествувале во акцијата за нелегално финансирање, а биле вработени во приватни фирми. Оваа истрага е продолжеток на истрагата на СЈО која започна неодамна во Охрид.
Според тоа, што засега е познато, учесниците во нелегалното финансирање на партијата, добивале пари во кеш од Скопје, а потоа преку свои луѓе од доверба, ги уплаќале парите на партиската сметка преку експозитура на една банка во Крива Паланка. За целата операција, СЈО веќе имало обезбедено огромен број докази.