Сообраќајна незгода на патот Куманово-Овче Поле, моторциклист се бори за живот
Сообраќајна незгода се случила вчеравечер околу 22:05 часот на регионалниот пат Куманово-Овче Поле. Двесетгодишниот А.И. од Свети Николе, управувајќи моторцикл марка „Лингкен ЛК-125“ со светиниколски регистерски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во сообраќајниот знак по што паднал на десната коловозна лента, а додека моторциклот излетал од патот во ендек од десната страна во правец на движење.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И. кој со возило на ЈЗО-Свети Николе бил пренесен во КЦ-Скопје за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа увидна од ПС ОН-Свети Николе.