Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина 22-годишен моторциклист на Средно Водно

Загина 22-годишен моторциклист на Средно Водно

Младо момче загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно.

Несреќата се случила кога моторциклистот К.Д. роден 1994 година управувајќи мотор „сузуки 750“, изгубил контрола над истиот и удрил во метални еластични браници.

По незгодата, со возило на брза помош, К.Д. бил пренесен во Ургентен Центар Скопје, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 30.08.2016 година во 00.50 часот починал. Смрт била констатирана од страна на лекар.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Скопје.