Tuesday, Apr 30, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноНеверојатен број на Јапонци без сексуално искуство!

Неверојатен број на Јапонци без сексуално искуство!

Јапонските демографски предизвици се добро познати. Тоа е најстарата нација на светот со загрижувачки мал број на новороденчиња и неверојатен број на самци. И покрај напорите на државата да ги потикне да стапуваат во брак, работите сепак не се движат во посакуваниот правец. Како што пренесуваат јапонските медиуми, ново истражување покажало дека 70 отсто од мажите и 60 отсто од жените на возраст од 18 до 34 години не се во врска.

Уште поцрна е статистиката, односно бројката од 42 отсто мажи и 44.2 отсто жени кои признале дека се невини. Истражувањето било спроведено од страна на Јапонскиот нацонален институт за популација и истражување на социјалните структури, што инаку го прави секои пет години.