Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија"Фајненшл тајмс" продаден на Јапонци

"Фајненшл тајмс" продаден на Јапонци

Британскиот издавачки холдинг „Пирсон“, сопственик на весникот „Фајненшл тајмс“ денеска објави дека се договорил да ја продаде „ФТ Груп“ на јапонската медиумска група „Никеи“ за 1,3 милијарди долари. Во „ФТ Груп“ е „Фајненшл тајмс“, 50 проценти од „Економист груп“, издавач на списанието „Економист“, како и дел од рускиот бизнис весник „Ведомости“.

Зделката треба да заврши до крајот на годината по одобренијата на регулаторите. „Никеи“ е најголема независна бизнис медиумска групација во Азија, чија основна дејност е издавање весници, од кои најпознат е истоимениот „Никеи“, кој има околу три милиони претплатници.