Масовно хакерско пробивање на Dropbox – итна смена на лозинките
Сервисот Dropbox се соочува со мега безбедносен пропуст откако протекле информации за 68 милиони корисници со нивните профили и лозинки кои може да бидат продадени на црниот пазар и да бидат злоупотребени. Затоа Dropbox посочува итно да ја смените вашата лозинка.
Според безбедносниот експерт Трој Хант од Motherboard хакер успеал да го пробие внатрешниот систем на Dropbox и да ги најде фајловите во кои се содржани податоци за корисниците со нивните мејл адреси и лозинки. Dropbox претходно негираше дека лозинките се откриени, но сега потврди дека пробивот е направен во 2012-та.
Извор: telefoni.mk