Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕулекс ги отпушта косовските Срби кои не знаат албански јазик

Еулекс ги отпушта косовските Срби кои не знаат албански јазик

Од ноември оваа година ниту еден косовски Србин нема да може да работи во оперативниот центар на мисијата на ЕУ (Еулекс) во Приштина, јави Танјуг.

Според адвокатот на Србите вработени во Еулекс,Алекс Рајтер, таквиот потег е дискриминација бидејќи вработените ги исполнуваат условите за добро познавање на англискиот јазик, но е зборуваат и албански.

Засегнатите поднеле жалби до шефот на Еулекс, но според Рајтер тој само „ја потврдил дискриминацијата“.

Отпуштените барале прашањето да го реши арбитражен суд според условите од договорот, но шефот на мисијата одговорил дека косовските службеници не можат да оспоруваат одлуки на мисијата на ЕУ.