Фото: Преслатката ќеркичка секој ден позира со нов кул костим
Лаура Изумкава од Лос Анџелес создава креативни фотографии со нејзината едногодишна ќеркичка која ја облекува во кул костими инспирирани од поп културата, од филмски хитови како Star Wars или пак најгледаните ТВ серии.
Речиси секојдневно на мрежата Инстаграм објавува по нова фотографија од сесиите на Џои Мари Чој. Фотографката Лаура на овој начин стекна дури 200 илјади следбеници на Инстаграм и си отвори многу врати во професионалната кариера.