Се одложува донацијата од Русија за поплавените, авионот не полетал
Поради технички причини авионот со донацијата од Руската Федерација се одложува за непознат период, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Оттаму посочуваат дека авионот со донацијата не полетал.
Инаку, најавената помош се состои од мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.