Владата го повлече законот за медиумско рекламирање
Владата го повлече законот за медиумски реклами. Ова известување стигнало до пратениците попладнево-јави 24 вести.
Предлог законот за владини реклами реклами требаше да се најде на денешната седница, но немаше овластен предлагач.
Само пред три дена на собраниска комисија министерката з аинформатичко општество Марта Томовска Арсовска го бранеше решението како еропско со кое ќе се стави ред во рекламирањето. Опозицијата обвини дека Владата ја озаконува корупцијата на медиумите и најави 500 амандмни.