Метео: Променливо, но без поголеми дестабилизации
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.