Бродолом во Индонезија
Најмалку 10 лица починале кога потонало бродче на западниот брег од Индонезија, соопштила морнарницата на Индонезија, додавајќи дека истрагата за петте изчезнати лица е во тек. Малиот брод превезувал 17 патници од пристаништето Танџунг Пинанг во провинцијата Риау источно од Суматра, кога времето се влошило, изјавил портпаролот на морнарницата Еди Сукипто.
„Спасувачките екипи пронашле 12 лица, но 10 од нив веќе починале“, изјави Сукипто, додавајќи дека две повредени лица се наоѓаат во критична состојба.