Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНајмалку 27 лица затрупани при лизгање на земјиште во Индонезија

Најмалку 27 лица затрупани при лизгање на земјиште во Индонезија

Најмалку 27 луѓе се затрупани во лизгање на земјиште поттикнато од поројните дождови во областа Понорого, на островот Јава, соопштија во сабота наутро индонезиските власти. Локалната полиција, повикувајќи се на сведоштва на селаните, објави дека исчезнале најмалку 38 луѓе, пренесува AP.

Според наводите на владината Агенција за ублажување на последиците од природни катастрофи, клизиштето прекрило околу 30 куќи и земјоделците кои во тој момент се наоѓале на нивите. Спасувачките екипи трагаат по исчезнатите.