Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДва напади на педофили во Кочани и Свети Николе

Два напади на педофили во Кочани и Свети Николе

Вчера се случиле два нови полови напади на педофили врз малолетници во одвоени инциденти. Непознато лице синоќа околу 22:15 минути во Кочани извршило полов напад врз 11-годишно девојче, соопшти полицијата.

Настанот се случил на улицата „Роза Петрова“ кога лицето му пришло на девојчето од зад грб, го фатило со двете раце и го прилепило за себе по што тоа почнало да вика, барајќи помош. Девојчето го удрило насилникот со мобилниот телефон по глава, успеало да го оттурне од себе и да се ослободи.

Во Свети Николе маж полово се задоволувал пред деветгодишно девојче откако вчера околу пладне го пресретнал во влез од зграда додека се симнувало по скалите. Девојчето се исплашило и избегало, а подоцна педофилот е препознаен и приведен од полицијата. Двата случаи ќе бидат расчистени од страна на правосудните органи.